Се бори со паничните напади: Зорана е во тешка состојба - проговори за анксиозноста
Блогерката со своите следбеници сподели како се чувствува и како се бори со проблемите кои првично не успела да ги идентификува.
Блогерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, веќе извесно време е во тежок период.
Таа им се пожалила на своите следбеници дека се соочува со панични напади, а неодамна проговори за овие проблеми. Таа посочи дека поради анксиозноста морала да посети лекар за да го провери своето ментално здравје.
„Синоќа ја имав една од најлошите ноќи во последно врме. Паничните напди престанаа додека патував, но синоќа се вратија посилни од било кога и траеја речиси два часа, до пет часот наутро. Не е доволно да се каже дека спиев по таа катастрофа и дека главата ме убива“ - напиша блогерката на својот Инстаграм профил и додаде дека во текот на денот морала да пие силен лек за да се смири во текот.
Во многу слична ситуација блогерката се најде и во 2021 година, кога не ги знаела причините за таквото однесување:
„Две недели бев на Миконос, па дојде другарка ми, бевме во Барселона, па на Ибица и навистина беше супер. Меѓутоа, кога се вратив, започнаа ужасните панични напади, ме будеа во четири, пет наутро. Утредента имав многу силни напади, неколку по ред. Последниот беше толку силен што мислев дека имав срцев удар, иако знаев дека е паничен напад. Беше толку силен што повикав Брза помош, која ја немав викнато шест години. Госпоѓата беше фина, одеше чекор по чекор со мене за да ме смири. Нападите продолжија, но во поблаг облик, повеќе не беа само навечер, туку и преку ден, така што сум потполно изгубена“ - кажа тогаш блогерката во Јутјуб видео.
Тогаш додаде дека со анксиозноста се соочува со години:
„Одев на лекар, и од здравствена страна сѐ беше во ред, нешто беше чкрапалото, не знам што, навистина ништо не се случи. Но, откако се вратив, не бев ниту за снимања, ниту за Инстаграм. Се надева дека ќе бидам подобро во следните денови. Анксиозноста е составен дел од животот, многу луѓе страдаат од неа, само не ми е јасно зошто во овој момент кога сѐ е горе - долу во ред. Веројатно повторно сѐ ми се собра. За последната турнеја знам што беше чкрапалото, тоа беше пред три години, но сега навистина немам идеја“ - изјави тогаш Зорана, по што доби поддршка од своите следбеници, кои тогаш ѝ кажаа дека се со неа и дека сѐ ќе биде во ред.
фото: Принскрин / Инстаграм