Се држат за раце: Дали Деми Ловато е во врска со сестрата на Мајли Сајрус?

Се држат за раце: Дали Деми Ловато е во врска со сестрата на Мајли Сајрус?

Објавена во: Stars // Музика

Деми Ловато е поактивна во ЛГБТ заедницата повеќе од било кога и во последните неколку месеци се труди што подобро да се разбере себеси и својот идентитет - себе се смета за пансексуална и небинарна личност, така што практично нема граници и е апсолутно отворена за сите можности. По неоклку месеци озборувања, повторно се активираше приказната дека е во врска со Ноа Сајрус, затоа што пред фотоапаратите на папараците, тие две се држеа за раце.

Имено, девојките беа заедно на забавата „Space Jam: A New Legacy“ во Калифорнија, а веќе со недели се пишува дека нивниот дует „Easy“ и честото дружење, сугерираат дека тие две се заедно.


„Многу се блиски, се гледаат редовно, одат на вечери, но тоа не е ништо романтично“ - изјави еден извор тогаш, но девојките на новите фотки од забавата дури се држат и за раце. 

Можеби ни ова не мора да значи ништо, но оставаме вие да процените сами.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: