Се двоумиш што да облечеш за вечерното излегување? Инспирирај се со овие 7 модни комбинации кои се идеални за овој период од годината (ФОТО)
Твојот проблем сега е решен!
Тешко ти е да одбереш модна комбинација за вечерно излегување во овој период кога има премин на сезони? Преку ден е топло, а температурите навечер паѓаат, но тоа не значи дека и понатаму не можеш да имаш добра модна комбинација!
Моментално сме во тој период кога преминуваме од лето на есен. Токму затоа овој период е најлош за бирање на модни комбинации кај девојките, бидејќи или им е студено или топло - тешко е да го погоди златна средина. Уште потешко е кога одбираш модни комбинации за ноќни забави, бидејќи дури тогаш не знаеш што да облечеш. Но, ако сакаш да ти биде удобно, а не топло или престудено, тогаш провери какви модни комбинации се идеални за овој период од годината.
# Кратка топ маица во комбинација со откопчана кошула
# Карго панталони со отворени сандали
# Долги фармерки со сандали и топ маица
# Кратки панталони со кратко сако или јакна
# Здолниште со топ маица на долги ракави
# Долг макси фустан
# Деловни панталони со топ маица на долги ракави
фото: Принтскрин / Инстаграм