Се фалите или ја криете: Што откриваат објавите на Инстаграм за вашата врска?

Се фалите или ја криете: Што откриваат објавите на Инстаграм за вашата врска?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Дали навистина сте #couplegoals?

Дали знаете дека вашите објави на Инстаграм многу работи откриваат за врската помеѓу вас и вашиот партнер?

Многумина од нас се „врзани“ за своите мобилни и не може да им помине денот без да ги погледнат објавите на другите или без да објават нешто на социјалните мрежи. На своите профили објавуваме многу работи - од храна и ноќни забави, до домашни миленичина и интимни детали од својот љубовен живот. Сите знаеме дека социјалните мрежи имаат свои позитивни и негативни страни, но експертите сепак открија дека мрежите како Инстаграм повеќе оставаат негативни последици, особено кога станува збор за романтичните врски. Во продолжение ќе ти докажаме дека фотографиите на Инстаграм зборуваат повеќе од илјада зборови.

# Ги изнесувате интимните детали за вашата врска

Доколку сите ваши пријатели на Инстаграм знаат сѐ за вашата врска, вклучувајќи ги и вашите кавги и смирувања, тоа веројатно многу ќе ве чини во иднина. За жал, таквите објави често покажуваат дека имате очајничка желба да бидете забележани и да се чувствувате важни. Без разлика дали го правите тоа зошто сте фрустрирани или пак затоа што сакате да бидете хумористични, вашите објави всушност ја нарушуваат и вашата приватност, но и приватноста на вашиот партнер. Поради тоа, наместо да барате совети од вашите пријатели, пробајте својата врска да ја гледаме исклучиво од сопствена преспектива, бидејќи приватните ситуации би требало да останат само приватни.

# Ретко објавувате било шот за својата врска

Доколку сте ретко на социјалните мрежи, тогаш не е изненадувачки тоа што не објавувате ништо за вашата врска. Меѓутоа, доколку редовно објавувате фотографии, а на нив никогаш не е вашето момче, тоа може да означува две работи. Првата е опцијата дека се срамите од својот партнер и не сакате да му го претставите на светот или дека тој не е толку важен аспект во вашиот живот. Од друга страна, тоа пак може да значи и дека многу ја цените сопствената приватност и немате потреба да ги споделувате интимните податоци за вашата врска со пријателите и познаниците. На вас е да откриете во која категорија се вбројувате.

# Постојано објавувате за вашата врска

Доколку пак постојано споделувате фотографии од себе и своето момче, тоа може да значи дека се чувствувате како да треба да му докажете нешто на светот или пак дека сте претерано поврзани со својот партнер. Таквото однесување на социјалните мрежи може да биде знак за несигурност, без разлика дали во себе или во својата врска и со тоа укажувате дека сакате на светот да му докажете дека вашиот партнер е само ваш.

# Понекогаш објавувате фотографии со партнерот

Доколку вашите објави на Инстаграм се состојат од фотографии со пријателите, фотографии од вашите хобија и интереси, а понекогаш и фотографии со момчето, тоа обично е знак дека сте во здрава и квалитетна врска. Со тоа на своите пријатели им давате увид во вашата врска, но не ги откривате сите интимни детали од вашиот живот, што значи дека сте задоволни со вашата врска, но понекогаш сакате да се пофалите со својот партнер.

# Му пишувате љубовни писма на партнерот

Сите ги знаеме они парови кои редовно си пишуваат романтични описи во кои ја изјавуваат својата љубов кон својот партнер, а ги знаеме и оние кои покрај ваквите изјави брзо ја прекинуваат врската. Тоа е затоа што таквите онлајн „љубовни писма“ се често неискрени, поради што своите романтични изјави зачувајте ги за посебни пригоди како родендените или Денот на вљубените.

# Ги објавувате само оние фотографии кои се „совршени“

На Инстаграм често ги гледаме инфлуенсерките кои се фотографираат со своите партнери на егзотични локации и нивните фотографии изгледаат совршено, па не е изненадувачки фактот што и вие посакувате да објавите слична фотографија на вашиот профил. Меѓутоа, доколку секоја ваша фотографии е детално испланирана, исценирана и „средена“, тоа веројатно значи дека сте многу несигурни - или во себе или во врската. Можно е со таквите фотографии да сакате да им покажете на следбениците дека навистина имате совршена врска, а вистината е многу далеку од тоа. Во тој случај ве советуваме што е можно порано да се соочите со проблемите во врската и да ги решите.

# Повеќе објавувате селфиња

Немојте да не сфатите погрешно, нема ништо лошо во селфињата, особено кога осветлувањето е толку добро што не сакате да го пропуштите. Меѓутоа, доколку на вашиот профил може да се најдат само селфиња, тоа е знак дека сакате да привлекувате внимание. Доколку од тие селфиња редовно го отстранувате вашиот партнер - тоа веројатно значи дека вашата врска не ви е на врвот на листата со приоритети и на својот профил сакате да се промовирате само себе.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: