Се фрлила под воз: Трагична судбина на 14 - годишната девојка која пееше со Ариана Гранде

Се фрлила под воз: Трагична судбина на 14 - годишната девојка која пееше со Ариана Гранде

Објавена во: Совети // Семејство

Ума Гупта го остварила својот сон откако пеела во хорот на концерот на Ариана Гранде, по нејзиното враќање во Манчестер. За жал, тој момент на среќа не бил доволен за да ја спаси, бидејќи како што утврди истрагата, таа извршила самоубиство фрлајќи се под воз.


Како што се наведува во полицискиот извештај, Ума во март 2019 година била на забава кај своја другарка, но таму се случило нешто што многу ја повредило. Младата девојка од забавата заминала во многу лоша состојба и си го одземала животот, скокајќи пред воз.

Иако целата оваа работа се случи пред две години, Daily Mail истакнува дека истрагата дури сега е завршена. Колку целата оваа ситуација е мрачка, најдобро кажува нејзиниот дневни за кој никој не знаел додека не го пронашле истражувачите. Во него Ума пишувала за тоа што преживувала од „другарите“ од училиште, како и дека често помислувала да се убие. Тоа што ѝ се случувало ги преминало границите на класично малтретирање, бидејќи некој дури ѝ се заканил дека ќе ја избоде.

Како шт осе наведува, кога таа кобна вечер ја напуштила забавата, на присутните им кажала дека ќе се убие. За жал, никој не ја сфатил сериозно и таа била оставена сама да одлучи дека повеќе не сака да живее. Нејзините родители се присетуваат дека таа вечер делувала среќно, а тоа го потврдиле и присутните на забавата.

Сепак, еден од сведоците истакнува дека расположението ѝ се променило и дека ја видел како плаче во кујната, а потоа и во бањата, каде што кажала дека сака да се убие. Само три месеци пред смртта, полицијата ја пронашла среде улица како со главата се удира во тротоарот, велејќи дека сака да се убие. Потоа, делувало дека е во ред и повеќе никој не верувал дека таква идеја ќе ѝ дојде на ум. За жал, дури ниту нејзините родители ме внимавале повеќе.

Секогаш е тешко да се одберат зборови за да се пренесат ваквите вести, но веруваме дека сите мораме да учиме од ваквите трагедии, без оглед на тоа колку години имаме. Затоа, доколку нешто ве мачи во животот, најдобро е да разговарате со некој во кој имате доверба. Кога на некој ќе му ги кажете своите проблеми, ќе почувствувате олеснување, а притоа повеќе нема да бидете сами во обидот да ги решите проблемите. Колку и да се тешки работите, секогаш постои излез!


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: