Се има, се може: На кои модели на автомобили е сопственичка Кајли Џенер?

Се има, се може: На кои модели на автомобили е сопственичка Кајли Џенер?

Објавена во: Мода // Moj стил

Плакарот на Кајли Џенер можеби е полн со брендирани чанти и облека, но нејзината колекција автомобили од 6 милиони долари многумина остави без зборови. Од нејзиниот розол Rolls Royce од 300.000 долари па до Bugatti Chiron од 3 милиони долари, Кајли навистина има возено различни модели на автомобили, а во продолжение може да погледнете како изгледаат некои од нив.

# Bugatti Chiron - 3 милиони долари

Само неколку дена откако потврди дека се раздели од Тревис, Кајли одлучи да се почасти. Како што тогаш објаснија од продавницата, овој автомобил е најбрзиот на светот и бил прв кој ја надминал границата од 300 милји на час.

# Pink Rolls Royce Wraith - 300.000 долари

Како почна да ѝ се проширува семејството, така во 2020 година, Кајли продолжи да ја проширува својата колекција автомобили. Честитајќи ѝ ја на ќерката Сторми 2018 година, ријалите ѕвездата набрзо одлучи дека е време за „автомобил за мајки“. Тогаш го покажа розовиот ентериер на автомобилот во комбинација со потполно црниот екстериер.

# LaFerrari - 1.4 милиони долари

Раперот Тревис Скот на Кајли подари Ferrari LaFerrari откако ја роди Сторми, кој чинеше 1.4 милиони долари, а според „Teen Vogue“ направени се само 500 парчиња.

# Mercedes G-wagon - 130.000 долари

Колекцијата од 15 автомобили на Кајли се заокружува со модерниот Mercedes G-wagon, еден од нејзините омилени, кој се продава за околу 130.000 долари.

# Lamborghini Aventador - 400.000 долари и Lamborghini Urus - 200.000 долари

Во 2018 година, Кајли исто така купи портокалов Lamborghini Aventador за околу 400.000 долари и црвен Lamborghini Urus за 200.000 долари.

фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: