Се изненадив кога видов дека мојата песна се пее и на свадби: Констракта за виралноста на „In Corpore Sano“

Се изненадив кога видов дека мојата песна се пее и на свадби: Констракта за виралноста на „In Corpore Sano“

Објавена во: Живот // Живот

Српската претставничка за Евровизија Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта и нејзината евровизика песна „In Corpore Sano“ станаа виран хит ширум светот. За популарноста на ова видео сведочат и бројните видеа кои се снимаат во градинките, училиштата, домовите и многу други места, а преку кои корисниците на социјалните мрежи даваат свој печат на песната на „здравата уметница“.

Но, врвот се достигна кога се појавија видеа од свадби, на кои се слуша оваа песна. За „Вечерњи.хр“, Констракта го искоментира сево ова:

„Добив неколку видеа од свадби! Тоа е исто така важна референца за успешноста на песната. Не очекувавме волкава распространетост. Малку ме плаши тоа. Но, се држам до задоволството во фактот дека песната е слушана на разни страни, дека е прифатена на различни начини, од оние кои ја анализираат, преку они кои опишуваат неочекувани значења и толкувања до оние на кои само им годи ритамот и кореографијата“.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: