Се мажеше два пати, но само на едно момче му посвети тетоважа: Бурниот љубовен живот на Аврил Лавињ

Се мажеше два пати, но само на едно момче му посвети тетоважа: Бурниот љубовен живот на Аврил Лавињ

Објавена во: Stars // Музика

Со тоа момче беше во врска две години, а за тоа колку нивната врска беше сериозна докажува и тоа што и тој ѝ посвети тетоважа...

Канадската пејачка Аврил Лавињ, која некогаш беше вистинска идол помеѓу тинејџерите, денес има 37 години и два брака зад себе, а за разлика од поголемиот број колеги - браковите ги прекинуваше во совршен мир и хармонија. Меѓутоа, тетоважата која ја посвети на едно поранешно момче со кое се гледаше помеѓу двата разводи, привлече особено внимание, бидејќи така „покажа нешто што ретко кој веруваше дека една принцеза на панкот и рокот може да го има“, како што своевремено медиумите често ја нарекуваа.

# Убавиот Броди

Имено, Аврил на телото, поточно на градите од десната страна, го има испишано името на еден од синовите на Кејтлин Џенер. Познатиот срцекршач, Броди Џенер, со кој беше во врска две години, а тетоважите томошните папараци им ги уловија во една прилика кога беа заедно на плажа. Иако врската никогаш не ја кренаа на повисоко ниво, секако беше сериозна, бидејќи и Џенер го има истетовирано нејзиното имена својата рака. Сепак, на крајот „пукна тиквата“ бидејќи таа посака брак, а тој не, според медиумите.

# Дерик Вибли

Првиот сопруг на Лавињ беше гитаристот од групата „Sum 41“. Нивната љубов растеше од ден во ден, но сепак не беше доволно силна за да потрае.

„Дерик и јас бевме заедно шест и пол години. Се дружевме од мојата 17-та, се засакавме кога имавме 19, а во брак стапивме две години подоцна. Благодарна сум му на сето тоа, како и на пријателството кое остана помеѓу нас“ - пишуваше своевремено на својот сајт, присетувајќи се минатите денови.

Двојката беше во брак од јули 2006, се раздели во 2009 година, а разводот беше финализиран во 2010 година.

Чед Кругер

Аврил на „лудиот камен“ по втор пат застана со фронтменот на групата „Nickelback“, Чед Кругер. Откако го преболи Броди, „одлета“ во прегратките на Чед, истакнувајќи дека „од самиот впечаток имала впечаток дека се еден за друг“.

Музиката ги зближи уште повеќе, а силното пријателство им цвета и по разводот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: