Се молам за луѓето, тука сме да им помогнеме на бегалцит: Се огласи Анџелина Џоли за состојбата во Украина, порача само едно

Се молам за луѓето, тука сме да им помогнеме на бегалцит: Се огласи Анџелина Џоли за состојбата во Украина, порача само едно

Објавена во: Живот // Живот

Холивудската актерка Анџели Џоли е позната како некој кој долго се занимава со хуманитарна работа и помагање на народот кој живее во загрозените делови на планетата.

Таа исто така е и голем борец за човековите права, поради што не остана имуна на моменталната состојба во Украина.

Таа по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил, каде го даде својот став и суд за руската инвазија на Украина.

„Како многу од вас, се молам за луѓето во Украина. Мој фокус, како и фокусот на моите колеги од UNHCR е да се направи сѐ што е можно за да се осигура заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалци во регионот“ - напиша актерката и додаде:

„Веќе ги видовме извештаите за жртвите и луѓето кои почнаа да бегаат од своите домови, барајќи сигурност. Прерано е за да знаеме што ќе се случува, но значењето на овој момент не може да се пренагласи“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: