Се огласи Дарко Лазиќ по веста дека полицијата го бара: Каде е и што прави пејачот?
Популарниот пејач Дарко Лазиќ проговори по обвинувањата дека пријателите и семејството не можат да го најдат и дека наводно полицијата го барала поради автомобил од 2015 година, кој тој го купил за пејачката и неговата поранешна сопруга Ана Севиќ, а на кој има лажна регистрација.
Пејачот не одговараше на телефон во текот на денот и не се огласи по овој повод, а сега на својот Инстаграм профил објави фотографија и видео.
Тој објави слика на која позира со сопствениот брат Драган и непознат маж, а потоа и видео од автомобилот, додека пее со неговиот брат кој вози, додека тој седи на совозачкото седиште.
Неговата мајка Бранка Лазиќ, наводно, за еден портал изјавила дека полицијата не го бара пејачот и дека тој е во посета на семејството на неговата свршеница Марина Гагиќ.
- Тоа не е точно. Во моментот не е дома, отиде кај Марина, тој е таму во Печинци со неа, полицијата воопшто не го бараше, не знам за што станува збор. И, исто така, прочитав за автомобилот, не знам за што станува збор воопшто, Ана требаше да го поправи ако автомобилот веќе беше на неа, под нејзино име, што не го поправи, ако е сето тоа вистина - рече Бранка .
Ана Севиќ наводно потврдила дека претходно била испрашувана од полицијата поради лажните регистарски таблички што ги имала на автомобилот „Мерцедес ЦЛК“.
- Тоа е автомобил што Дарко ми го даде по нашата венчавка. Всушност, Дарко му го даде автомобилот на момчето од кое го купи тој „мерцедес“. Никогаш не ги сакав тие автомобили затоа што не се практични. Набрзо потоа си купив бел „мерцедес“ со кој Дарко направи сообраќајка - рече пејачката.
Foto: Printscreen/ TV Pink