Се огласи и мајката на Даниела Штајнфелд: Сѐ знаев, сѐ е точно

Се огласи и мајката на Даниела Штајнфелд: Сѐ знаев, сѐ е точно

Објавена во: Живот // Живот

Актерката Даниела Штајнфелд во својот филм „Зацели ме“ за првпат откри дека била силувана, додека јавноста пред два дека дозна дека за тоа го обвинува Бранислав Лечиќ...

Мајката на актерката Даниела Штајнфелд, Марија, првпат зборуваше јавно и кажа дека ја поддржува нејзината ќерка, која го обвини актерот Бранислав Лечиќ за силување, кое наводно го сторил во мај 2012 година.

„Знаев сè. Каков родител би била ако не стојам покрај моето дете. Ние, родителите, ги сакаме нашите деца и цел живот сме со нив. И тоа е тоа... Сè што ќерка ми рече во интервјуто е точно. Ви благодарам што ме поканивте, јас сум на пат и не би сакала да зборувам понатаму. Јас секогаш ќе бидам со Даниела“ - изјави Марија за Република.рс.

Актерката Даниела Штајнфелд во Вишото јавно обвинителство во Белград изјави дека нејзиниот колега Бранислав Лешиќ е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал.

Даниела Штајнфелд за првпат во својот филм „Зацели ме“ изјави дека била силувана, додека јавноста пред два дена дозна дека го обвинува Бранислав Лешиќ за тоа.

Поради овој настан, Даниела одлучи да се пресели во Америка, а тоа за „24седам“ го потврдија и жителите на родното село на Даниела.

Бранислав Лечиќ остро ги негира обвинувањата.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: