Се огласи Игор по разводот од Севе, но и неговата баба: Тој е млад, ќе се ожени, таа наполни 50 години...
Се огласи Игор, но без коментар не остана и неговата 84-годишна баба, која не била во добар однос со Северина.
Откако веста за разводот на Северина и Игор Којиќ одекна како бомба, во медиумите се огласи и неговата 84-годишна баба, Добрија Којиќ.
Бабата на Игор одлучи да прозбори за веќе поранешната сопруга на внукот, но таа нема добро мислење за неа.
Баба Добрија вели дека Северина ја запознала за прв пат кога организирале голема свадба, на која присуствувале околу 600 гости, а потоа го прокоментира разводот.
- Што ми е гајле, не ме прашаа ништо кога се венчаа. Беше убаво на свадбата што беше на трошок на Драган. Веднаш реков дека нема да има ништо од тој брак, дека нема да трае. Не ми се допадна однесувањето на Северина. Игор ја донесе да ме запознае, таа само ми ја подаде раката и повеќе не зборуваше со мене. Игор и Северина купија заеднички стан во Загреб - вели Добрија.
- Немам добро мислење за неа. Нека се разделат. Тој е млад, може да се ожени уште пет пати. Северина во мај наполни 50 години. Мојот син Драган го даде целото свое богатство за свадба во Белград - вели Добрија.
- Никој ништо не ми кажува нитии ме интересира. Се' слушам преку телевизија и весници. Се скараа затоа што Северина сакаше да го води нивното домаќинство. Сакаше да го направи базенот по нејзина желба. Не може така - раскажа Добрија за медиумите од соседството.
Покрај баба Којиќ, се огласи и Игор но, тој беше краток и јасен: Се' е кажано - рече тој.извор:espreso.co.uk