Се огласи Јелена Карлеуша: Пејачката за напуштањето на „Ѕвездите на Гранд“ и доаѓање на Цеца
Во соопштението за јавноста откри зошто одлучила да се повлече...
По веста дека ќе дојде до промена во „Ѕвездите на Гранд“ и дека наместо пејачката Јелена Карлеуша на нејзино место ќе дојде Светлана Цеца Ражнатовиќ, сите ја чекаа реакцијата на главните актери. И тоа се случи.
Јелена Карлеуша се огласи со соопштение на својот профил на Инстаграм.
„Драги мои, одлучив дека е време пред новиот албум да се повлечам од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ и поради тоа, на своја иницијатива уште на 28 јуни оваа година ја известив продукцијата „Гранд“ и го раскинав постоечкиот договор“ - напиша Јелена и додаде:
„Оваа одлука ја донесов најпрво за максимално да се посветам на излегувањето и промоцијата на новиот албум кој доаѓа. Од тогаш до денес имаше обиди да најдеме начин и услови да продолжам со снимањето, меѓутоа не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и како ќе изгледа натпреварувањето, не ме интересира мене. Им ја посакувам целата среќа“.