Се огласи Лаќа пред погребот на Марина Туцаковиќ: Апелирам до сите заради својата безбедност да не доаѓаат на погреб

Се огласи Лаќа пред погребот на Марина Туцаковиќ: Апелирам до сите заради својата безбедност да не доаѓаат на погреб

Објавена во: Живот // Живот

Им се заблагодари на сите за поддршката и ги замоли сите да ја исполнат желбата на неговата мајка...

Текстописецот Марина Туцаковиќ денес ќе биде погребана на Новите гробишта во Белград. Нејзината последна желба била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош, а не во Алејата на заслужни граѓани.

Синот на Марина, Милан Лаќа Радуловиќ со потресни зборови се огласи пред погребот на социјалните мрежи.

„Дојде и тој ден, по 10 дена исчекување, кога со татко ми и најблиските ќе ја испратам мојата мајка до она место во кое сите кога - тогаш ќе се сретнеме. Ви благодарам на сите за поддршката, молитвите, грижата, трудот за на мене и на татко ми да ни ја олесните оваа мачнина и неизбежна реалност“ - напиша Лаќа на социјалните мрежи и продолжи:

„Посакајте ми среќа да го пребродам овој ден на нозе. Се повлекувам од јавноста додека не помине жалоста. Тоа би го направила и таа“.


По враќањето од идентификацијата, уште еднаш ја повика јавноста да внимава.

„Само што се вратив од идентификацијата, за да го препознаам лицето на својата почината мајка. Имаше гужва. Луѓе умираат сè повеќе. Уште еднаш апелирам до сите заради својата безбедност да не доаѓаат на погреб. Не можам да одам против ничија желба да присуствува и да оддаде почит. Повикувам на внимание. И разум. Ви благодарам“ - напиша на Инстаграм.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: