Се огласи претепаната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“: Може да има само еден мотив за ова насилство

Се огласи претепаната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“: Може да има само еден мотив за ова насилство

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката и некогашна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Марина Маки Радосављевиќ била претепана завчера во Врњачка Бања, каде што живее. Марина пристигнала околу 19:30 пред локалот во кој требало да настапува, а потоа забележала двајца сомнителни мажи. Иако, како што раскажува за „24седам“, првично помислила дека се случајни минувачи, нешто ѝ било сомнително, а потоа и пришле, ја испрскале со солзавец и почнале да ја тепаат.

Засега мажите се напознати за јавноста, бидејќи преку лицето имале хируршки маски, па така Марина не можела да им го види лицето, а како што вели биле облечени во широки, црни јакни.

Преплашена сум, се плашам за својата безбедност. Никогаш не сум имала било каков конфликт со некој, а камоли овој вид. Немам идеја кој би можел да нарача вакво нешто, а сигурна сум дека знам дека е тоа во прашање. Му пречам на некој, а поради што не знам... На памет ми доаѓа само некој вид љубомора како мотив“ - раскажа Марина, кој аистакнува дека се чувствува небезбедно.

„Тие ме прскаа со солзавец, во крја каде што нема никој во тоа време, ниту минувачи, а најверојатно ни камери. Се плашам дека некој стои зад нив, дека имале некој кој им го наредил тоа, а се сомневам дека ќе бидат пронајдени“ - вели пејачката за „24седам“ и додава:

„Силно ме тепаа, имам скршеница на раката. Секаде, и на лицето. Тие не се откажаа ни кога дојде некој, туку тогаш кога одлучија да престанат. Потоа поминаа преку коритото на реката, во непознат правец, а јас останав да лежам беспомошна, не можев да се движам, само офкав и плачев. На крајот, бидејќи никој не ме слушна, собрав сили да отидам до локалот и им тропнав на прозорецот, а потоа тие изгледоа и ми помогнаа“.

Марина исто така во оваа исповед призна дека забележала нешто сомнително изминатите денови:

„Јас забележав едно момче, кое инаку важи за градски мангуп и шпиун, како со автомобилот кружи по мојата улица со денови. Тоа ми беше сомнително, но не му придавав многу внимание, не ни претпоставував дека нешто вакво може да се случи“.

фото: Инстаграм
Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: