Се огласи Северина по грабежот: Украдените работи имаат сентиментална вредност

Се огласи Северина по грабежот: Украдените работи имаат сентиментална вредност

Објавена во: Живот // Живот

Во станот на пејачката во Загреб е направено разбојништво над 65 - годишната чистачка на Северина. Украден е накит, а материјалната штета се утврдува, истакнаа од полицијата за 24сата.

За време на раните попладневни часови, полицијата ја опколи зградата на пејачката Северина Којиќ во Козјак, Загреб. Нејзината чистачка била ограбена. Наводно, разбојниците ја врзале, додека пејачката не била во станот.

Пред нејзиниот дом имало повеќе полициски возила и полицајци во цивил и во службени униформи. Истрагата траеше со часови. Ги прашале и соседите дали виделе нешто.

Северина за „Јутарњи“ изјави што се случило и како се чувствува.

„Ова денес... Разберете ме дека не можам ништо да зборувам. Нека сите, пред сѐ, бидат живи издрави. Секако дека некои од украдените работи за мене имаат пред сѐ сентиментална вредност, но со тоа полесно ќе се носам. Работите имаат вредност, но можат да се надокнадат, но изгубеното време без моето дете никогаш не може да се надокнади.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: