Се огласи Вељко за врската на Цеца со Богдан: Најважно е што тој ја сака

Се огласи Вељко за врската на Цеца со Богдан: Најважно е што тој ја сака

Објавена во: Живот // Живот

Вељко Ражнатовиќ, син на Балканската фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, реши јавно да каже што мисли за нејзината врска со Богдан Срејовиќ, кој е девет години помлад од неа.

Цеца не сакаше да ја коментира нејзината врска со Богдан, но Вељко рече дека е среќен за неа.

- Мама не треба да седи сама во куќата како куче. Среќен сум што најде некого! Го прифатив тој човек, најважно ми е што тој ја сака - искрено рече Ражнатовиќ.

Вељко не крие дека му е многу тешко затоа што тој всушност пораснал без татко, но, како што наведува, не може да се одмазди за неговата смрт.

- Страдам за татко ми, но не можам да им се одмаздам ​​на убијците, затоа што морам да размислувам за моето семејство и за мојот син - рече Вељко.

Што се однесува до можниот брак на Цеца со Богдан, Вељко рече: - Време е мама повторно да се омажи!

Да потсетиме, неодамна одекна во медиумите веста дека Цеца има нова љубов. Бројни фотографии докажуваат дека ѕвездата е во љубов со Богдан Срејовиќ од декември минатата година, а двајцата на фотографиите изгледаат среќни и заљубени.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: