Се омажи сестрата на Џејла Рамовиќ: Невестата во розова венчаница, сестрите во идентични пуф фустани во пастелни бои (ФОТО)

Се омажи сестрата на Џејла Рамовиќ: Невестата во розова венчаница, сестрите во идентични пуф фустани во пастелни бои (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Оваа година е преполна со убави настани во семејството Рамовиќ, а по венчавката на Лејла следуваше уште една...

Младата пејачка Џејла Рамовиќ се прослави со победата во големото музичко натпреварување, а освен што има глас на кој би ѝ подзавиделе и многу светски ѕвезди, таа исто така поседува и неверојатна убавина.

Освен неа, нејзините сестри, Лејла и Шејла исто така се преубави дами. Лејла се омажи во јули оваа година, а сега на лудиот камен одлучи да застане и нејзината постара сестра, Шејла Рамовиќ.

Шејла и нејзиниот избраник Един организираа прослава на која присуствуваат и нејзините сестри Џејла и Лејла. Невестата белскаше во преубавата розова венчаница со необични пуф ракави и цвеќиња кои го красеа горниот дел на фустанот.

Венчаницата како оние од бајките предизвика општо воодушевување, а среќните младенци не ги тргаа насмевките од лицето.

За таа прилика Џејла и Лејла избраа необични лелеави фустани со ист крој, но различни бои. Снимија заеднички видео, а потоа го споделија со следбениците на социјалните мрежи.

Сите беа воодушевени од нивните креации, а тие две беа среќни што ќе ѝ го разубават овој голем радосен ден на нивната сестра.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: