Се омажи со момчето кое со киселина ѝ го изобличи лицето

Се омажи со момчето кое со киселина ѝ го изобличи лицето

Објавена во: Живот // Живот

Берфин Озек беше жртва на напад со киселина пред две години. Сега таа го шокираше своето семејство.

Последиците од нападот ќе бидат видливи до крајот на нејзиниот живот: во 2019 година, тогаш 18-годишната Берфин Озек беше жртва на напад со киселина од нејзиното поранешно момче. Покрај изгледот на лицето кој ѝ бил целосно уништен, Берфин ослепела на левото око, а на десно гледа само 30 отсто.

„Ако не можам да те имам, никој не треба да те има“

„Ако не можам да те имам, никој не треба да те има“, изјавил пред нападот нејзиното поранешно момче, Касим Озан Селтик. Тој бил пријавен и уапсен. Судот во Искендерун го осуди Селтик на повеќе од 13 години затвор - но промените во законот и мерките за пандемијата значително му ја намалија затворската казна, па тој беше пуштен на условна слобода.

Следувал сензационален предлог за брак: Берфин очигледно не само што му простила на напаѓачот, туку и се согласила да се омажи за него.

 „Таа се омажи без наше знаење. Се борев за неа со години, а сега се е залудно“, рекол нејзиниот татко.

„Ние се сакаме многу“

Штом повеќе не бил зад решетки, осудениот Селтик наводно ја побарал за жена. Додека бил во затвор, Селтик ѝ пишувал писма на поранешната девојка барајќи од неа прошка, потврдувајќи ја својата љубов кон неа. „Многу се сакаме“, изјави денеска 20-годишната девојка.


Извор: N1


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: