Се ожени кошаркарот Џеди Осман со убавата турска актерка во родниот Охрид: Невестата блеска од среќа

Се ожени кошаркарот Џеди Осман со убавата турска актерка во родниот Охрид: Невестата блеска од среќа

Објавена во: Живот // Живот

Џеди Осман, еден од најдобрите турски кошаркари, се ожени во родниот Охрид со турската актерка Ебру Шахин.

Забавата беше на брод додека два часа пловеа низ Охридското Eзеро каде беше и венчавката.


Одморот помеѓу двете НБА-сезони го искористи да направи свадба во Охрид за да им ја исполни желбата на родителите. Венчавката ја направија на јахта во Охридското Езеро.

Погледнете дел од забавата која на Инстаграм преку стори ја објави самата Ебру.


Кошаркарот своето детство го има поминато во Охрид бидејќи таму е роден. Татко му е Турчин, а мајка му Србинка од Нови Пазар.

Девојката на Џеди е турската актерка Ебру Шахин, која се прослави со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“, каде што го толкува ликот на  Рејан Шадоглу.

Кошаркарот ја побара за сопруга во Кападокија по една година врска. Познатата актерка и модел тогаш сподели неколку фотографии на „Инстаграм“.

Ебру, која на публиката ѝ е позната од нејзините улоги во турските серии, има дипломирано на спортскиот универзитет во Истанбул. По студиите, почнала да оди и на часови по глума на филмското платно дебитира во 2016, а првата серија во која се појавува е „Мојот татко“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: