Се ожени омилениот врколак: Џејкоб од „Самрак Сага“ ја однесе девојката до олтарот и ги скрши срцата на обжавателките (ФОТО)
Ѕвездата од „Самрак Сага“ заполови во брачните води...
Тејлор Лотнер и неговата девојка Тејлор Доме се венчаа во Калифорнија, точно една година откако се свршија.
Имено, Тејлор ја запроси својата девојка на 11 ноември 2021 година. Потоа на Инстаграм објави фотографија од чинот со порака: „И само така, сите мои желби се исполнија“.
Една година подоцна, на 11 ноември 2022 година, двојката ја овековечи својата љубов пред околу 100 гости во „Epoch Esstate Wines“ во Калифорнија и заплови во брачните води.
30-годишната ѕвезда и неговата шест години помлада сопруга сега носат исто име и презиме. Имено, згодниот врколак во претходните интервјуа откри дека неговата свршеница ќе го земе неговото презиме по венчавката.
„Неа ја викаат Тејлор, а мене скратено Теј“ - кажа актерот во едно „ток шоу“.
Невестата била прекрасна, носела романтична венчаница со детали од тантела, а во рацете држела букет од бело цвеќе.
Инаку, тие двајца се запознале благодарение на сестрата на познатиот актер. Имено, таа завршила во болница, каде ја негувала толку драга медицинска сестра, по што одлучила да ја запознае со својот брат. Сѐ останато е историја!
фото: Принтскрин / Инстаграм