Се плашиш да полагаш за возачка дозвола? Не си единствен/а - овие 10 познати личности исто така не сакаат да го направат тоа

Се плашиш да полагаш за возачка дозвола? Не си единствен/а - овие 10 познати личности исто така не сакаат да го направат тоа

Објавена во: Мода // Moj стил

Возењето автомобил може да делува страшно...

Некои познати личности одбиваат да полагаат за возачка дозвола, а други иако ја имаат, им собира само прашина, бидејќи тие никогаш не возат. Така што, доколку одбиваш да полагаш за возачка дозвола, знај дека не си единствен/а.

Полагањето за возачка дозвола за некој е ситница која ја решива без порблем, а за друг тоа е нешто страшно и не се ни обидува. Не е лошо да се има возачка дозвола и да се знае да се вози, бидејќи многу пати ова може да ти биде корисна вештина. Сепак, кај некој стравот сепак преовладува и не се ни обидува да положи. Ако и ти се плашиш да го направиш тоа и упорно одбиваш, знај дека не си единствен/а. Сите имаме некои стравови, а ова е еден од оправданите, особено кога гледаш колку невнимателно возат другите. Иако не би требало да дозволиш стравовите да ти го контролираат животот, за возачка дозвола е подобро да почекаш кога ќе се чувствуваш подготвено. 

Сите овие познати личности уште немаат возачки дозволи или едвај ги добиле и никогаш не ги користат:

# Карди Би

Иако има гаража со безброј луксузни автомобили, тие стојат за украс и секако за да ги возат други. Таа не знае да вози и никогаш не положила за возачка дозвола.

# Чејс Хадсон

Лил Худи призна дека малку бил љубоморен кога неговите пријатели за родендените почнале да добиваат автомобили, а тој нема ниту возачка дозвола. Меѓутоа, со текот на времето се помирил со тоа, а уште не успеал да положи.

# Пери Едвардс 

Додека може самата да си дозволи возач, тој ќе ја вози. Пери не знае да вози и нема ниту најмала желба да научи.

# Кристина Агилера

Кристина има возачка дозвола, положила во младоста, но исто како да нема положено. Вели дека толку се плаши да вози што всушност никогаш не го прави тоа и посочи дека возачката повеќе ѝ е како украс, отколку како нешто корисно во животот.

# АСАП Роки

Тој, исто како и Карди Би, има автомобили и тоа луксузни, но тој не ги вози. За тоа има ангажирано други луѓе.

# Бела Торн

Уште една млада позната личност која избегнува да полага за возачка дозвола. Таа сега сè уште живее без возачка и нема желба да го промени тоа.

# Ема Робертс

Ема и возачката имаат комплициран однос. Прво полагала и го паднала испитот. Меѓутоа, кога сепак успеала да положи, не ја корисела и дозволила да ѝ истече возачка. Никогаш не ја продолжила и сега исто како да ја нема. Признала дека вози лошо и дека тоа со задоволство нема да го прави.

# Роби Вилијамс

Со задоволство ќе повика такси кога му е потребен автомобил. Роби никогаш не положил за возачка дозвола и како што изгледа, не ни планира. Воопшто не го сака тоа и има негативен став кон возењето.

# Ј.К. Роулинг

Авторката на „Хари Потер“ серијалот призна дека уште нема возачка дозвола и дека тоа воопшто не ја допира.

# Алберт Ајнштајн 

Дури ниту еден од најголемите генијалци немал возачка дозвола. Тој со задоволство возел велосипед кога требало да оди некаде.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: