Се плашиш по гледањето хорор филмови? Со овие 9 совети ќе заспиеш без никаков страв
Отсега ќе гледаш хорор филмови без никаков проблем...
Хорор филмовите не се за секој. Некои ги гледаат без никаков проблем, додека други сакаат да ги гледаат, но потоа имаат големи проблеми со спиењето.
Ако ти си една од оние личности кои се плашат од хорор филмови, но без оглед на тоа сакаш да ги гледаш, тогаш ова се совети за тебе! Повеќе нема да имаш проблеми со спиењето откако ќе изгледаш некој хорор, а и секој следен ќе биде уште полесен за гледање. Дури не мора да биде хорор филм во прашње, има и трилери, но и драми кои се доволно страшни сами посебе. Како што пишува „Our Sleep Guide“, тој страв ќе го надминеш со овие 9 едноставни начини.
# Пред сѐ, гледај ги со пријатели.
# Спиј со запалено светло.
# Расположи се со музика, за да не размислуваш за филмот.
# Изгледај уште еден филм со сосема друга тематика.
# Јави му се на некој близок, кој би можел да те утеши.
# Секогаш хорор филмови гледај преку ден, а не навечер.
# Гледај „Behind the Scenes“ за да се увериш дека тоа не е реално.
# Покриј се со најголемото ќебе.
# Смири се со медитација.
фото: Stock-Asso/Shutterstock