Сѐ поблиску сум до светскиот рекорд: Интервју со Давид Ѓоргоќески, балканскиот рекордер во правење склекови

Сѐ поблиску сум до светскиот рекорд: Интервју со Давид Ѓоргоќески, балканскиот рекордер во правење склекови

Објавена во: Stars // Интервјуа

Давид Ѓоргоќески е 17 – годишното момче од Скопје околу кое се крена голема прашина изминатите неколку недели. Тој е средношколец и учи во Гимназијата „Никола Карев“, а негова пасија е боксот.

Вежбањето, напорните тренинзи, откажувањето од пороците, некогаш и вообичаените работи кои ги прават тинејџерите, беа цената која ова младо момче ја плаќа со цел да стане Светски рекордер во правење склекови. На балканско ниво тоа му успеа, а за Хаштаг откри дека и Светскиот рекорд се наближува.

# Од колку години започна да се занимаваш со бокс?

Бокс конкретно тренирам четири години, а од својата шеста година тренирав карате, потоа кошарка, се пронајдов и во фудбалот, но на крај завршив со боксот.

# Кој ти ја пренесе љубовта кон овој спорт?

За тоа најзаслужен е мојот татко кој отсекогаш ме уверуваше дека сум роден за боречки вештини, за што подоцна сфатив и самиот.

# Имаш ли некој посебен идол, кога е овој спорт во прашање?

Ме импресионираат повеќе боксери како што се Мухамед Али, Мајк Тајсон, Саул Канело Алварез, но идол ми е Флојд Мејведер.

# Кој е твојот најголем постигнат успех во ринг?

Досега не сум се пробал во ринг, имаше обиди да се испробам, но поради моменталната состојба со коронавирусот првенствата се одложуваат.

# Неодамна ја доби титулата балкански рекордер во правење склекови. Од каде идејата за овој предизвик?

Отсекогаш сум сакал предизвици кога е во прашање спортот. Почнав секојдневно да правам склекови и згибови. На социјалните мрежи постои познат предизвник во кој се прават 1000 склека во еден час. Пробав го направив. Потоа двајца познати, кои се занимаваат со ваков начин на вежбање објавива видео на кое што прават 2000 склека за еден час. Пробав и тоа го направив. Од тој ден постојано накачував и стигнав до 2604 склека. Да се пофалам дека сум блиску до светскиот рекорд кој изнесува 2919, бидејќи на последниот тренинг направив 2790 за еден час.

# Што сакаш да постигнеш со овој предизвик?

Целта ми е да направам нов светски рекорд.

# Колку напорни тренинзи се кријат зад 2604 - те слека, кои ги направи за само 60 минути?

Се кријат цели 3 години напорна работа, постојано вежбање и се надевам дека вака ќе продолжам и ќе стигнам до врвот.

# Како успеа да ја одржиш кондицијата цели 60 минитии и да правиш склекови без престан?

Мојата кондиција е резултат на постојаното вежвање. Вежбам по два пати на ден, а секој тренинг ми трае по 2 часа и константно кондицијата се зголемува. Исто така, морам да ја спомнам и желбата која ми е огромна и сето тоа е резултат на мојата кондицијата.


# Треба ли да имаш посебен режим на исхрана, за да можеш да одговориш на овој предизвик?

Последните 3 години од кога почнав многу да се посветувам на себеси почнав да внимавам и на исхраната. Секако, за постигнување на вакво нешто не треба многу да бидеме посветени на храната.

# Одиш ли во теретана? Кои вежби најчесто ги практивуваш?

Во теретана не oдам често, но кога oдам правам вежбите за сила и за експлозивност.

# Каде се гледаш за 10 години?

За 10 години, а се надевам и порано себе си се гледам како припадник на Специјалната единица Тигри, сакам да завршам Факултет за безбедност, но за да се оствари сето ова прво морам да го завршам средното образование и секако да продолжам напорно да тренирам.


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: