Се подготвува спектакл: Цеца и Анастасија Ражнаовиќ заедно во жири на популарно музичко натпреварување
Пејачката Светлана Цеца Ражантовиќ со ќерка ѝ Анастасија Ражнатовиќ наводно ќе се најде во жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“.
Шестата сезона на ова натпреварување ќе почне да се снима оваа есен, а водачите на розовата телевизија бараат ново жири кое ќе ги оценува децата.
„На продуцентите им е интересна идејата мајката и ќерката за првпат да се најдат во жири на некое шоу. Се верува дека на публиката би ѝ било интересно да гледа како тие две ќе гласаат за кандидатите и дали ќе се караат пред камерите. Анастасија моментално е многу популарна и сигурни се дека ќе ја привлече младата публиката да го следи натпреварувањето. Затоа неа прва ја повикаа и се договорија со неа да се најде во новиот тим, кој ќе ги оценува младите таленти“ - раскажува добро информираниот извор.
Продукцијата наводно моментално ја убедува и фолк ѕвездата да се приклучи на својата ќерка.
„Цеца веќе беше во жирито на „Ѕвездите на Пинк“ и добро знае како тоа функционира. Го среди животот, децата ѝ се отселиле од дома, во среќна врска е со Богдан Срејовиќ, има закажани настапи, па се двоуми дали сето тоа ќе ѝ ги расипе плановите... Работата во жирито не е воопшто лесна, бидејќи снимањата траат со часови, па приватниот живот во тој период трпи. Продуцентите ѝ ветија дека поголемиот дел од емисиите ќе се снимаат во работна недела, а не за викенд, кога настапува... И понатаму се чека нејзиниот конечен одговор“ - за „Инфромер“ откри изворот.
Во жирито наводно ќе бидат Наташа Беквалац, но и Леонтина Вукомановиќ, но продукцијата помеѓу нив би сакала да ја види и Маја Беровиќ.