Се подготвуваме за дизајнирање на втора верзија, но тоа зависи од инвеститорите: еБионикс за напредувањето на бионичката рака

Се подготвуваме за дизајнирање на втора верзија, но тоа зависи од инвеститорите: еБионикс за напредувањето на бионичката рака

Објавена во: Интервјуа, Таленти

Орхан Богашов, Тео Китановски, Борис Ночески и Анамариа Илиева се имињата на учениците од средното училиште „Јахја Кемал“, кои направија навистина големи промени. Имено, под нивното заедничко име еБионикс тие со јавноста го споделија својот изум - бионичка рака или електронска протеза за лица со недостаток на горен екстремитет.

Пред една година, за Хаштаг зборуваа за нивниот изум и какви се нивните очекувања, кога е во прашање прифаќањето на истиот од страна на лицата на кои им е потребен. Денес, тие ни откриваат дека истиот претрпел и неколку промени, со цел да им биде полесен за користење на оние на кои им е потребен, но исто така посочија и на големото разочарување со кое се соочиле.

# Помина една година откако со јавноста го споделивте својот изум - бионичката рака за лицата со ампутирана подлактица. Како беше прифатен од страна на луѓето?

Добивме голема поддршка од медиумите и јавноста, но сепак не доволна заинтересираност од држава и институциите, како и инвеститори за поддршка на проектот и негово продолжување. Овие фактори ќе бидат многу важни за нас во наредниот период, бидејќи само со соодветна поддршка и помош ќе успееме да го усовршуваме продуктот и понатаму, како и да го претставиме на пошироката јавност.

# Некои луѓе веќе ја користат бионичката рака. Знаете ли какво е нивното искуство? Колку се задоволни?

Да, веќе повеќемина ја тестираа бионичката рака како дел од Бета тестирање кое траеше 6 месеци и добивме голем број на позитивни повратни информации и совети за како можеме да го подобриме финалниот производ. Преку овие информации ја создаваме новата верзија на бионичката рака поради тоа што корисниците најдобро знаат како треба да биде прилагодена според нивните потреби.

# Претрпе ли некои промени овој изум?

Секако, се трудиме да понудиме што е можно посовршен продукт, без разлика на тоа што проектот е Open Source. Посебно многу промени направивме после Бета тестирање на Венус Арм (нашата бионичка рака).


# Дали можете да кажете дека конечно овој изум е финализиран и дека повеќе нема да трпи уште промени?

Напротив, само што завршивме со првата верзија која ни даде доволна основа и искуство за следната верзија. Во моментов се подготвуваме за почеток на дизајнирање на втората верзија и започнување на старт-ап, но овој чекор секако зависи многу и од инвеститорите.

# Пред една година кажавте дека сите идни планови ви се поврзани со подобрување на бионичката рака. Дали сега веќе имате идеја за некој нов изум, односно проект?

Се уште нашиот фокус е главно на бионичките раце, но почнуваме да работиме и на други идеи кои се поврзани со медицински помагала, но во моментов не би сакале да откриваме повеќе детали. Нека биде изненадување.

И. Мисајловска


Објавена во: Интервјуа, Таленти

Можеби ќе ве интересира: