Се појави фотографија од Бака Прасе како полуматурант: Обожавателите зборуваат дека направил естетска корекција

Се појави фотографија од Бака Прасе како полуматурант: Обожавателите зборуваат дека направил естетска корекција

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, често го ескпонира својот физички изглед на Инстаграм и на својот Јутјуб канал.

Сепак, не изгледал отсекогаш како што изгледа денес, а за тоа зборува и фотографијата од вечерта кога го прославувал крајот на основното образование и на која е скоро непрепознатлив.

Во јавноста исплива фотка стара десет години од матурата на Бака Прасе. Во прашање е полуматурата, која јутјуберот ја прославувал по завршувањето на основното училиште, а неговиот аутфит предизвика бурни реакции.

На фотографијата Бака позира во фармерки, бела маичка над која носи сива кошула. Носи и очила, поради кои е скоро непрепознатлив. Сепак, најмногу реакции предизвикаа ушите на јутјуберот, па многумина почнаа да се прашуваат дали тој ги оперирал.

„Како е можно Бака Прасе да имал клемпави уши, што е ова. Јас мислам дека направил естетеска интервенција. Сега нема такви уши“ - гласи еден од коментарите на Твитер.

„Викајте ме Дамбо“ - додаде на шега друг корисник на социјалните мрежи.


Можеби ќе ве интересира: