Се појави скандалозно видео на ТикТок: Морбидната вест за Сергеј Пајиќ ги запрепасти сите
Станува збор за лажна вест...
На ТикТок се појави скандалозно видео, а тоа е дека починал младиот пејач Сергеј Пајиќ.
Имено, станува збор за лажна вест, која на споменатата социјална мрежа стои веќе 2 месеци, а сега одеднаш видеото стана гледано, и има околу 735.000 прегледи.
Ова не е првпат некој да си игра со јавните личности на волку морбиден начин. Непознатиот корисник на оваа социјална мрежа објави видео од Сергеј и напиша:
„Сергеј, почивај во мир. Уште не можам да си дојдам при себе од тага. Одмори се, ангелу“.
@riwuko Iskreno saučešće porodici Pajić. #sergejpajic #sergejpajicc #sergejpajicc #pajickazauvek #pocivajumirulegendo its not so bad - cuddlz
„Дали си реален?“, „Не разбирам зошто вакви глупости?“, „Лоша шега“, „Морбидно“, „До кога со овие глупости?“ - се само некои од коментарите под објавата.
За жал, и порано се случуваше вакви бизарни објави да се шират на социјалните мрежи, како и да се појавуваат лажни известувања за смрт, а овој страшен „тренд“ продолжува бидејќи авторите главно минуваат без казни.
фото: Принтскрин / Инстаграм