Се понадевав дека ќе биде со мене: Војаж откри дека ја побарал Елена Китиќ штом дознал дека раскинала со момчето
Како што пишуваа српските медиуми, таа има нова љубов, но тоа не е Михајло...
Елена Китиќ повеќе не е во врска со Фран Пујас, а како што пишуваа српските медиуми, таа веќе запловила во нова врска со еден српски рапер.
Некои помислија дека тоа е Војаж, но тоа не е вистина. Како што кажа тој, ја побарам кога дознал дека е слободна, па се пошегува.
„Јас дознав дека таа раскинала со Фран дури пред неколку недела, другарски ѝ испратив порака дали е сѐ во ред. Не е со мене, иако се понадевав дека ќе биде. Се шегувам. Не е вистина дека сме во врска. Елена е голема ѕверка од девојка, добра другарка, поздрав за неа“ - истакна Војаж во емисијата „Премијера - Викенд специјал“.
Инаку, раперот и понатаму тврди дека не е во врска, иако многумина сметаат дека крие дека е во врска со една инфлуенсерка од странство.
фото: Принтскрин / Инстаграм