СЕ ПОНЕОБРАЗОВАНИ УЧЕНИЦИ: Објавени резултатите од ПИСА, Македонија на дното

СЕ ПОНЕОБРАЗОВАНИ УЧЕНИЦИ: Објавени резултатите од ПИСА, Македонија на дното

Објавена во: Совети // School zone

Македонија се најде на дното на табелата на глобалниот ПИСА ранкинг на учениците ширум светот во кој се анализирани знаењата по математика, наука и читање. Според резултатите кои денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) подобри постигнувања од нашите средношколци имаат тие од Србија, Албанија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина.

Македонија се најде годинава на 67 место. Македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

Тестот ПИСА се прави секои три години и се користи како показател за тоа кои земји ги подготвуваат младите најдобро за следните предизвици во животот.

Повторно, на врвот се азиските земји. Кина е прва, Сингапур на второто место, а на третото место е Макао Кина, четврта е Хонк Конг, Естонија се искачи на петтото место.

А.Т.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: