Се породи Хурем: Девојчето доби преслатко име
Турската
актерка Мерием Узерли (37), која се прослави како Султана Хурем во серијата „Величествениот“,
се
породи вчера, 8 јануари и го роди своето второ дете.
Актерката ја сподели среќната вест на „Инстаграм“, каде објави и фотографија на која позира со новороденчето во раце, а емотивната сцена ги разнежни сите.
Маријам доби ќерка, а фотографијата од породилиштето покажува дека девојчето веќе има коса. Актерката истакна дека е пресреќна, а го откри и името на нејзината наследничка.
- Вчера, 8 јануари, драга моја Лили Кои ... Лара, тато и јас сме среќни што си дел од нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи - напиша убавата Маријам, а честитки следуваа во коментарите.
Фото: Инстаграм/meryemuzerlimeryem/ Youtube printscreen/U.W. Channel