Се породи ќерката на Наум Петрески: Анастасија стана мајка по втор пат (ФОТО)
Фолк-пејачката Анастасија Петреска стана мајка по втор пат.
На нејзиниот Инстаграм профил веќе пристигаат честитки откако денес на свет донела момче.
Пред две години во семејството на естрадната двојка Анастасија Петреска и Владимир Поповски се роди првата среќа, ќеркичката Андреа.
Ќерката на Наум Петрески во март сподели фотка од трудното стомаче, а многумина се прашаа дали носи момче според емотиконот во плаво срце во описот на сликата, што се покажа дека навистина очекувале момче.
Анастасија е во брак со Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого беше во врска две години, а се венчаа на почетокот од 2019.
Анастасија е најстарата ќерка на Наум, а Андреа е негова прва внука. Името на новороденото момче се уште не е откриено.