Се правиш јака пејачка, а пееш на плочки во мрак: Јанева ја објави навредливата порака која ја инспирираше да напише песна(ФОТО)

Се правиш јака пејачка, а пееш на плочки во мрак: Јанева ја објави навредливата порака која ја инспирираше да напише песна(ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Минатата недела, Александра Јанева објави нова песна со наслов „Глумиме“. Текстот за песната е инспириран од навредлива порака која младата пејачка ја добила пред извесен период. 

„Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа“ - изјави тогаш Јанева.


Сега, Александра го исполни ветувањето и ја објави навредливата порака на стори на својот Инстаграм профил.

„Те слушам по интервјуа се прашив пејачка јака, а пееш на плочки во мрак... барем стави некоја гајба, поткачи се девојко“ - стои во пораката, која била инспирација за новото музичко парче на Јанева.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: