Се приближува кон крајот на петтата деценја: 12 работи кои сигурно не сте ги знаеле за Цеца Ражнатовиќ

Се приближува кон крајот на петтата деценја: 12 работи кои сигурно не сте ги знаеле за Цеца Ражнатовиќ

Објавена во: Живот // Живот

Во семејството Ражнатовиќ се подготувува уште една забава. Причината за истата е прославата за 48 - от роденден на познатата фолкерка...

Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од најпопуларните српски пејачки, а овие интересни детали од нејзиниот живот ретко кој ги знае.

# Започнала да пее од 10 години

Цеца неодамна гостуваше во една емисија на Курир ТВ и во таа прилика откри како започнала нејзината кариера и како го снимила првиот албум.

„Јас не ја започнав својата кариера под шатор, започнав да пеам на 10 години, пеев на свадби, родендени... Бев чудо од дете, па отидовме во Сутоморе на одмор, а последниот ден отидовме на вечера каде што имаше бенд во живо. Тогаш прашаа дали едно мало девојче може да испее нешто. Тие гледаа која е „колешката“, а јас во тоа време имав 11 години. Човекот праша: Ова дете? Ме зафркаваш? Забавата веќе беше при крај, гостите почнаа да си одат, јас пеев песна од Нада Обриќ и одеднаш многу луѓе се вратија во градината и почнаа да аплаудираат. Тогаш шефот побара од моите родители да го продолжат престојот, да ме ангажираат, а јас во тоа време веќе бев професионалец. Плачев да останеме затоа што тоа ми значеше. Се надевав дека некои од важните луѓе ќе ме слушнат, уредниците и музичките продуценти беа многу ригорозни“ - откри фолк дивата и додаде:

„Ме слушна Мирко Кодиќ, кој имаше куќа на море. Седев со една пријателка и тој дојде и ми рече: „Кога ќе настапи таа мала, сите ми велат дека е неверојатен талент?“ Таа пријателка кажа дека јас сум таа, а тој праша: „Ова дете?“ Дојде и кога го пеев првиот блок, ги запозна моите родители кои ме следеа насекаде. Беше крајот на 1987 година и се сеќавам дека кренав на телефон, а од другата страна Мирко. Ми застана срцето! Му се јавувам на тато, и тој ми рече: „Добро, добро“, и тоа траеше како цела вечност. Тој зеде тим од музички уредници, тогаш тие одлучија дали можам да снимам албум, јас бев малолетна, тогаш за сè се водеше сметка. Го поминав тој круг, пеев од Вида Павловиќ, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ. Тие не веруваа дека сум толку млада, секогаш го имав тој трилер, бојата на мојот глас, немав глас како дете. Пред новогодишната ноќ во 1988 година го добив правото, ме чекаше албум и така се создаде „Цветак, зановетак“ - изјави Цеца.

# На почетокот на својата кариера живеела на Врачар

Во далечната 1993 година зад себе имала 5 објавени албуми, а неколку месеци живеела кај пријателка во еден стан на Врачар. На четврти спрат и истата адреса и понатаму е станот во кој Цеца ги поминува првите денови во Белград. По неколку месеци, се преселила во својот стан на Баново брдо и таму живеела до венчавката со Аркан.

# „Кукавица“ е еден од најголемите хитови во нејзината кариера

# Во далечната 1993 година го запознала Жељко Ражнатовиќ Аркан

# Венчавката на Цеца и Аркан е прогласена за „свадба на деценијата“

# Има две деца - ќерката Анастасија и синот Вељко

# На 27 години станала вдовица

Песната „Опроштајна вечера“, која фолк дивата ја објави на албумот „Цеца 2000“ ја наговести смртта на нејзиниот сопруг. Аркан е убиен на 15 јануари 2000 година. По неговата смрт Цеца се повлече од јавноста и направи пауза од една година.

# Концертите на Маракана и Ушче

Фолк ѕвездата е единствена од српските пејачки која успеа да направи големи концерти во Белград. Еден од најголемите концерти во својата кариера го направи на 14 јуни 2002 година на Маракана, а на тој концерт присуствуваа над 70.000 луѓе. Другиот најголем концерт на Цеца е одржан во Белград, на Ушче со над 100.000 луѓе во публика. Најемотивниот момент од тој настап беше песната „Жуто пиле“, која Цеца му ја има посветено на покојниот сопруг. На третиот најголем концерт, исто така на Уште имаше повеќе од 150.000 посетители.

# За да ја купи куќата на Кипар подигнала кредит

# Песна посветена на Аркан, а која не ја снимила

Рокерот Милиќ Вукашиновиќ во 2001 година ја напишал песната „Сањам да си опет ту“, која требало да ја испее Цеца. Тогаш Цеца, според зборовите на рокерот, не сакала да ја отпее оваа песна поради интервенцијата на Марина Туцаковиќ. Оваа песна на крајот јас сними Јована Типшин.

# Има свое музичко студио

# Песната „Нечу дуго“ ја има посветено на ќерката Анастасија и синот Вељко.

„Тоа е песна која Марина Туцаковиќ ја напиша за мене, а јас ја посветив на моите деца, но никогаш не ја запеав, освен на ЦД - то. Публиката на концертите сака да слуша малку побрзи песни, па затоа оваа никогаш не сум ја пеела во живо“ - изјави Цеца своевремено за медиумите.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: