Се продава станот во Лондон во кој се снимени сцени во Хари Потер: Еве колку му е цената (ФОТО)
Апсолутна сензација на пазарот на недвижнини и помеѓу обожавателите на филмот...
На пазарот на недвижнини во Лондон се појави еден стан кој предизвика внимание, не само помеѓу оние кои се во потрага по стан, туку и помеѓу љубителите на филмот за малиот волшебник.
Овој стан се наоѓа на Клермонт Сквер во Лондон, а на обожавателите на Хари Потер им е познато како местото на снимањето на филмот „Harry Potter and the Order of the Phoenix“.
Култната адреса „Grimmauld Place“, под број 12 беше седиште на главниот отпор на мрачните сили на Волдеморт, со Даниел Редклиф како Хари и Гери Олдман како Сириус Блек.
Сите оние кои чувствуваат дека во животот им недостасува малку магија, а имаат и малку подлабок џеб може да го купат овој стан по цена од 385.000 фунти. Тоа е малку повеќе од 437.000 евра.
Во прашање е гарсонењера во грегоријански стил, со високи тавани и големи прозорци кои обезбедуваат многу светлина во станот. Она што го прави станот особено шармантен е пристапот до мала градина каде идните сопственици можат да уживаат, на пример во правењето скара и да се релаксираат опкружени со зеленило.
Имотот може да го видите на веб-страницата Zoopla, а на пазарот го огласува агенцијата за недвижности „Knight Frank“.
фото: Принтскрин / Инстаграм