Се сеќавате ли на „Грдата Бети“? Актерката наскоро ќе наполни 50 години, нема да верувате колку е убава (ФОТО)
Ана Мариа Ороско се занимава со филмска, телевизиска, но и театарска глума...
Една од хит латиноамериканските серии на нашите простори, во текот на раните 2000-ти беше теленовелата „Грдата Бети“. Во главната улога на оригиналната верзија беше актерката со колумбиско потекло, Ана Мариа Ороско, а самото сценарио е за неатрактивната секретарка, која ја следат проблеми во кариерата.
Секако оваа серија очекувано добива и љубовен епилог, кога Бети аплицира на огласот за работа како секретарка на претседателот на Екомода. Кратката биографија ја испраќа без фотографија и ја добива работата, а со претседателот на крајот ќе започне и емотивен однос. Она што е интересно е што актерката Ана Мариа во приватниот живот е многу убава и многу атрактивна.
Ана Мариа Ороско, која со глума започнала да се занимава уште како дете, се прослави со улогата во оваа теленовела. При првото телевизиско појавување настапила со татко ѝ, Луис Фернандо Ороско, од кој очигледно го наследила талентот за глума, но нејзината кариера започнала 10 години подоцна во серијата „Pequeños Gigantes“.
Актерката глуми во филмови, серии, театар, но сепак најпозната е по улогите во теленовелите.
hermosa nuestra reina Ana Maria Orozco @orozcoanaok pic.twitter.com/w1tR4KVO0P
— FC Ana Maria Orozco (@orozcoanafans) June 2, 2015
Родена е на 4 јули 1973 година во Богота, а според американскиот магазин „Њујорк тајмс“, оригиналната верзија станала една од светски најпознатите ТВ серии на сите времиња.
фото: Принтскрин / Јутјуб