Се сеќавате ли на момчето кое пушеше по две кутии цигари дневно? Тоа му влијаеше на здравјето, а еве колку е променет денес
Арди Ризал стана сензација на Интернет која предизвика згрозеност по веста дека дете од Индонезија пишу по две кутии цигари дневно и тоа на само две години.
Неговиот татко е пушач, но остана нејасно зошто и како воопшто му дозволиле на момчето да пишу, а приказната ги разбесни родителите и социјалните служби ширум светот.
По јавниот линч, родителите успеале да извршат притисок на д него и го пофалиле дека успеал да ја намали количината на цигари која ја пуши, а потоа и да престане.
„Беше болен, многу кашлаше и докторот кажа дека мора да престане со тоа“ - изјави мајката на момчето.
Откако успеал да ја победи зависноста од никонот, Арди замена пронашол во храната. Експертите истакнуваат дека е ужасно тешко да се откажеш од животните навики кои ги практикуваш од раното детство и дека кај пребродениот проблем, зависноста обично се насочува кон нешто друго. Поради тоа, момчето почнало да се дебелее и имало здравствени проблеми.
На крајот, докторите интервенирале и му врадиле гастричен бајбас на Арди да не умре од прекумерна дебелина, бидејќи бил на добар пат кон тоа.
фото: Print screen од Youtube