Се шегуваат дека ќе ја запишат во венчаницата: Бруклин Бекам и Никола Пелц се вселија во домот на пејачката

Се шегуваат дека ќе ја запишат во венчаницата: Бруклин Бекам и Никола Пелц се вселија во домот на пејачката

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Тие веќе некое време секој момент го поминуваат заедно, а откако одморот го поминаа галејќи се на јахта, откриено е и дека живеат заедно...

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се ожени минатата година, но изгледа дека на медениот месец му дојде крај и дека на неговата саканата и на него им треба друштво.

Бруклин Бекам и актерката Никола Пелц се венчаа на 9 април минатата година и поголемиот дел од времето го поминуваа сами, а неодамна изненадно почнаа да го поминуваат секој слободен момент со Селена Гомез. Откако неодамна беа заедно на одмор, сега Бруклин и Никола одлучија да почнат да живеат со поп ѕвездата.

„Неколку недели пред Божиќ, Бруклин и Никола се вселија на имотот на Селена во Енсин, па сега тројцата си играат среќно семејство, а се шегуваат и дека ќе ја запишат и Селена во нивната венчаница“ - кажа за „Closer Magazine“, извор близок до нив.

Инаку, Бекамови, решија да се откажат од своите скапоцени куќи на некое време.

„Бруклин и Никола ја понудија својата куќа за продажба уште минатата година, по што живееја во станот на Никола во Лос Анџелес, каде требаше да живеат додека бараат нов дом, што не било идеално“ - додава извор.

Тој откри дека Селена Гомез им понудила да уживаат во луксузот кој го нуди нејзината вила.

„Кога Селена им предложи да се вселат во нејзиниот дом кој има огромен двор, се воодушевиле од идејата и се согласиле, бидејќи се уште многу млади, па животот со пријателка е совршен начин да ги спојат двата света“ - вели неименуваниот извор.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: