Сѐ што правев со девојките пред Богдана е ненормално и погрешно: Вељко Ражнатовиќ открива зошто го оставил ноќниот живот
Вељко Ражнатовиќ зборуваше за својот љубовен и приватен живот...
„Сметам дека сѐ во последните 30 години нѐ наведува да се срамиме од своето потекло и дека се срамиме да бидеме патриоти. Што е некој Србин, веднаш е етикетиран како да е некој сељак. Супер сине, тогаш биди сељак. Тогаш и татко ти е сељак, и дедо ти и сите сме сељаци и тоа е тоа“ - кажа Вељко Ражнатовиќ.
Вели дека ќе го воспитува својот син да биде спортист, но дека ќе проба да го отргне од јавниот живот.
„Би сакал да биде спортист. Тоа е најубавото нешто што можеш да бидеш. Би сакал да го тргнам што понастрана од јавниот свет, не би сакал да расте пред камери. Тоа е едно проклетство, никој со мене не живеел ни 5 минути, ниту го знае мојот ден. Добивам големи осуди од луѓето што и да правам и мислам дека тоа не му треба и мислам дека ќе има многу поквалитетен живот ако секоја грешка од младоста не му биде преувеличена. Не го гледам тука, ќе направам сѐ што е во моја моќ за да отргнам“ - кажа Ражнатовиќ.
Исто така посочи дека урбаниот живот го има „изморено“.
„Имам жена и деца. Не може тато да се враќа во 5 наутро од град пијан и да биде кретен. Како што ме замори ноќниот живот, така ме изморија и врските со девојките со кои не требаше да бидам. Сето тоа е грев. Сѐ што правев е ненормално и погрешно. Може сега некој ќе каже, бидејќи е 21 век, дека сето ова е застарено мислење, но јас мислам дека оние кои тоа го прават и така мислат се ненормални“ - кажа Вељко во една емисија, а на крај додаде дека животот денес му е здодевен:
„Нашиот живот е многу здодевен, но мене ми е најубав на светот. Јас имам сопруга. Не само што ја поддржав нејзината одлука да не биде дел од јавноста, туку не би ни била моја жена да е спротивно“.
фото: Принтскрин / Инстаграм