Се смирија ли Канје и Ким по семејното патување? Уловени се концертот на Вест, извор открива што стои зад сето ова
Ким Кардашијан е уловена на концертот на Канје Вест, откако двојката ги среди односите на семејното патување и донесе одлука дека добро функцираат и дека треба да бидат пријатели поради нивните деца.
Дека поранешните сопружници ги, Ким Кардашијан и Канје Вест ги закопаа воените секири, тврдат и последните папарацо фотографии направени на концертот на раперот.
Канје и неговата поранешна сопруга пред неколку дена заедно заминаа на семеен одмор во Сан Франциско, а очевидци тврдат дека биле многу блиски, исто како да не се разведуваат. Меѓутоа, од друга страна, многумина сметаат дека тие се смириле и решиле добро да функционираат поради нивните деца кои им се пред сѐ. Последните папарацо фотографии повторно ги загреаја приказните за можното смирување.
Ким Кардашијан е фотографирана во Атланта на стадионот „Мерцедес“, каде му беше поддршка на сопругот кој го промовираше својот десетти албум под назив „Donda“, кој го посвети на покојната мајка. Ким во друштво на нивните четири деца и сестра ѝ Клои Кардашијан го бодреше Вест во преполната арена.
„Албумот е посветен на неговата мајка Донда, која почина во 2007 година, како и неговата поранешна партнерка Ким Кардашијан, односно тажните настани во нивниот брак“ - кажа извор близок до раперот за странските медиуми.
Истиот извор наведува дека Канје се скршил и дека плачел како мало дете кога ја слушал песната за својот развод.
„Зборува за децата и споменува дека му земала сѐ. Откако ја пушти оваа песна, застана отприлика околу две минути и заплака. Беше навистина тажно“ - кажа изворот.
Ким на настанот се појави во црвен комбинезон, а можевме да видиме дека и Канје исто така бил облечен во истата боја од глава до петици.