Се снимаат за Јутјуб како да е шега: Полицијата сѐ уште трага по малолетничката која исчезна со 31 - годишен маж

Се снимаат за Јутјуб како да е шега: Полицијата сѐ уште трага по малолетничката која исчезна со 31 - годишен маж

Објавена во: Живот // Живот

На видеото мажот ѝ се обраќа на насмеаната девојка која посочува дека по своја волја си заминала од дома...

Голема „бура“ се крена во јавноста откако многу медуми вчера го објавија видеото во кое се појавува 17 - годишната девојка од областа Дицмо, која се сметаше за исчезната од 23 февруари годинава и по која трагаше полицијата .

Видеото, кое трае скоро девет минути и е објавено на Јутјуб, ја покажува исчезнатата малолетничка и еден возрасен маж, кој се претстави како Анте. Станува збор за 31 - годишен маж кој има две деца, а на видеото двајцата практично се потсмеваат на тврдењата што кружат низ градот последните денови, според кои тој ја киднапирал девојката. Човекот се појавува со врзани раце и низ смеа ја претставува својата „киднаперка“ која е на прагот од своето полнолетство, пишува Слободна Далмација.

„Како што можете да видите, таа ме киднапираше, ништо не сум јадел во последниот половина час, ништо... Само малку мувлосано сирење, некоја стара пршута и некое вино старо 30 години... Не можам повеќе... Одврзи ме сега... Во оваа приказна никој не беше киднапиран, а најмалку таа...“ - вели мажот, обраќајќи ѝ се на насмеаната девојка која многу јасно кажува дека не била киднапирана и дека си заминала од дома по своја волја.

„Би сакал да објаснам зошто го направивме ова. Јас сигурно не излегов од дома и ги оставив своите сакани од некои каприци. Јас го сторив тоа за да и ја вратам слободата на личноста за која се грижев. Кога некои луѓе објавија дека се гледаме, и ја одзедоа слободата, ја заклучија дома, ги извадија сите можни рачки од прозорецот за да не може да излезе, ја заклучија вратата и ги зедоа сите клучеви. Ја малтретираа и психички и физички. Контактиравме со разни служби, но дознавме дека не можеме да се вратиме од повеќе причини. Имаме опција да се вратиме кога таа ќе наполни 18 години, што е многу брзо, за пет месеци. И имаме можност да ја смириме целата ситуација. Таа (во видеото го кажува своето име) и се јави на својата мајка, која се согласи на сè ако се врати дома, дека ќе ја пушти да оди на училиште и дека ќе може да ме гледа додека правилно си ги извршува своите должности. Сето тоа го договоривме и се подготвивме да си одиме дома. Дојдовме близу до куќата и таа им се јави уште еднаш, а потоа нејзиниот татко го зеде телефонот и рече дека ниту таа, ниту јас воопшто не мораме да одиме дома, дека е подобро да не се враќаме назад. Тој кажа дека нè бараат некои луѓе кои не се полиција, претпоставувам некои платеници. Таа на ова кажа дека нема да се врати дома. Потоа контактиравме со сите можни служби и луѓе кои можат да ни помогнат со нешто. Им кажавме дека ја имаме снимено неговата закана. Значи, тие знаат сѐ. Никој нема да не најде ако не сакаме, но најмногу од сè навистина сакаме да ја решиме оваа ситуација за утре да можеме убаво да си живееме, да одиме заедно на кафе. Не бараме никаков луксуз, само да ги имаме нашите права и тоа е тоа. На овој начин сакавме да ги поттигнеме службите дека некој треба да се заложи за нас и дека таа ги има свои права. Кога им се јавивме, тие ни раскажаа неколку бајки. На пример, кога ја повикавме полицијата и ѝ кажавме дека нејзиниот татко ја затворил, дека и се заканувал и дека не можеме да се вратиме дома, а потоа една жена ни рече дека и таа има ќерка и дека ќе го сторела истото да било нејзиното дете во прашање. Имено, според нејзината приказна, таа нема право на глас и на нејзиниот татко му е дозволено да одреди со кого ќе биде. Во други земји, луѓето се возрасни на шеснаесет години, а потоа нивните родители не можат повеќе да сторат ништо. Ние апелираме за некоја установа да се заложи за неа и да преземе нешто. Без разлика дали е тоа социјална служба, образование или било што. Воопшто не ми е гајле кој е тој, само да најдам некој нормален и некој кој на оваа ситуација гледа законски, а не преку личните искуства. Не ни е гајле што би сакале, само се грижиме за лицето да ги има своите права. Дека таа ги има своите права, дека живее, дека оди на училиште, дека може да ја напушти куќата кога сака, дека никој не и ги отстранува рачките од прозорците и вратите“ - е само дел од она што двајцата го кажуваат во објавено видео.

Оваа ситуација секако не е единствена и многу родители веројатно ќе наидат на слични „бунтовнички“ однесувања од страна нивните тинејџери без разлика дали се девојчиња или момчиња. Што да се направи, како да се однесуваш кога ќе дознаеш дека твојата малолетна ќерка има љубовна врска со оженет маж десет години постар од неа, кој исто така е татко? На кој родител и да му го поставите ова прашање, тој веројатно би одговорил: „Би полудел!“

Што се однесува до сплитската полиција, која официјално сè уште трага по исчезнатата тинејџерка, ова видео не им значи ништо бидејќи за нив девојчето е исчезнато додека тие не разговараат со неа и не ги утврдат сите околности на нејзиното исчезнување. Кога ќе ја интервјуираат, ќе се утврди дали е сторено какво било кривично дело на нејзина штета од која било страна. Ја покануваат да контактира со нив и дека ќе сторат сѐ за да и помогнат.

Анка Јурела - Јеркан, директор на Центарот за социјална заштита Сињ, кој ја опфаќа областа Дицмо, открива дека нема информации за случајот на исчезнатата 17-годишна девојка и дека ниту таа ниту нејзиното семејство не биле третирани од Центарот по која било основа.

„Знам за овој случај од медиумите, полицијата не не информираше за ништо, но не е потребно ако родителите го пријавиле исчезнувањето. Доколку девојчето се врати или полицијата ја најде, доколку е потребно, ние ќе ја обезбедиме целата неопходна помош. Она што се случува денес, а јас говорам генерално сега, е морална локва и тотално лудило со тој интернет и заљубување и слични работи. Имавме многу слични ситуации и со малолетници и со возрасни кои ги напуштија своите семејства, сопрузи, жени и деца заради љубовта од Интернет. Кој знае што навистина е во позадина овде и што се прави од инает. Бидејќи децата денес се многу перфидни и има ситуации кога измислуваат приказни поради кои родителите плаќаат казни и одат на третмани. Повторувам, ова семејство не беше третирано од наша страна и не добивме никакво известување од полицијата дури и по исчезнувањето“ - за Слободна Далмација посочи директорката Јурела-Јеркан.

Во продолжение може да го погледнете целото видео:


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: