Се срамам што го занемарив школувањето: Зошто Александра Пријовиќ не завршила средно училиште?
Александра Пријовиќ важи за една од најатрактивните, но и најплатените пејачки која од настапите заработува многу пари...
Пејачката Александра Пријовиќ беше малолетна кога се пријави за натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Од тогаш многу работи се променија. Александра работеше на своите вокални способности, но многумина се прашуваат што се случило со школувањето, со оглед на тоа што рано почна да работи.
„Основно училиште завршив во Бел Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во Второто средно училиште и редовоно завршив три класа, но четвртиот не го завршив. Просто, животот ме однесе на друга страна. Кога ќе ти се случи нешто за што отсекогаш си сонувал, како јас за пеењето, тогаш занемаруваш сѐ. Конкретно, јас го направив тоа со училиштето“ - вели пејачката на почетокот на разговорот и додава дека професорите од училиштето ѝ дозволиле вонредно да ја заврши четврта година.
„Многу патував за Белград поради натпреварувањето и наставата ја оставив настрана. Не можам да кажам дека не се срамам што не завршив четврта година. Се каам и секако сакам да го завршам училиштето.“
Александра истканува дека натпреварувањето ѝ било најважно во животот:
„Просто животот ме однесе на друга страна. Јас не сум единствена, има многу пејачи, не само кај нас и во светот, кои немаат завршено училиште. Образованието е важно, но ако не завршиш училиште, не значи дека нема да успееш во животот“.
Александра е родена во Србија, но израснала во Хрватска, каде, како што вели, никогаш немала проблем што е Србинка.
„Родена сум во Сомбор, но веднаш по раѓањето сме се преселиле во Хрватска. Имав многу убаво детство. Се дружев и со Срби и со Хрвати. Никогаш не сум правела разлика кој е Србин, а кој Хрват. Ме учеа дека сите сме исти. Најверојатно важно е каков е човекот, а не што е по националност. Како девојче редовно одев кај баба Боса, дедо Ѓуро и татко ми Недељко во Србоја, во селото Бајша, кое се наоѓа покрај Бачка Топола.
На 13 години ги снимив своите две први песни. Тоа беше мојата втора средба со Белград. Отидов со мајката кај Миќа Николиќ и ѝ кажав: „Јас еден ден ќе живеам во Белград“. Просто знаев дека тоа ќе се случи. Сѐ што си замислував во главата на крајот се оствари. Мајка ми тогаш низ насмевка ми кажа: „Сигурно ќе биде така“. Инаку, талентот за пеење го имам наследено од страна на мајка ми, од мојата покојна баба. Неа никогаш ја немам запознаено, бидејќи починала кога мојата мајка имала 16 години, но сите ми велат дека имам глас како неа. Мама често ми вели дека баба Драгица би била среќна и горда да може денес да ме види.“
фото: Принтскрин / Инстаграм