

Виктор се вери со голема забава и балони во облик на срце, но неговата идна сопруга немаше поим што ѝ се подготвува
Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, се вери со својата девојка Бојана Обрадовиќ.
Виктор го сподели видеото на Инстаграм. Се вери со голема забава и балони во облик на срце, но неговата идна сопруга немаше поим што ѝ се подготвува.
Додека таа гледала во огнометот, тој клекнал зад неа, а по извесно време се слушнало „да“ и громогласен аплауз.
Инаку, Виктор неодамна на социјалните мрежи објави слика од својата девојка, но не го откри нејзиниот идентитет, а во видеото за свршувачката ја означи својата идна сопруга, па следбениците имаа можност да го дознаат нејзиното име и дека се занимава со дигитален маркетинг и новинарство.
Како изгледаше романтичното запросување погледнете во галеријата: