Се враќаме на Јуниорската Евровизија: Децата од „Дајте музика“ ќе ги бранат боите на Македонија

Се враќаме на Јуниорската Евровизија: Децата од „Дајте музика“ ќе ги бранат боите на Македонија

Објавена во: Stars // Музика

Јавниот радиодифузен сервис МРТ објави соопштение до јавноста дека нашата држава оваа година ќе биде дел од најголемиот детски музички спектакл во Европа - Јуниорската Евровизија. Дечиња од повеќе држави првенствено ќе се забавуваат, а потоа ќе се обидат со своите таленти да ја однесат победата во својата држава.

Овогодинешни претставници на Македонија ќе бидат децата од „Дајте музика“, кои Јавниот радиодифузен сервис преку интерна селекција ги одбра.

„Оваа година, Јавниот радиодифузен сервис МРТ реши да го искористи правото на интерна селекција и избор на претстaвник на оваа престижна манифестација, согласно со актуелната состојба од пандемијата на Ковид-19 и воведувањето на новите заштитни мерки и протоколи.

„Дајте музика“ е копродукциски проект на Македонската телевизија, кој е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Во него, главни протагонисти се токму групата мошне талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Со продукција на повеќе од 80 песни, на кои веќе три години работат дел од најпознатите македонски композитори, со издадени два албума (ЦД), милионски прегледи на музичките платформи на нивните нови детски хитови, проектот „Дајте музика“ се вбројува во една од најуспешните музичко-забавни детски програми што ги освои симпатиите на публика.“ - истакнаа во соопштението.


Песната ќе биде промовирана во следните неколку месеци, а како што соопштија од МРТ на истата ќе работат композитори кои веќе соработуваат со децата од шоуто.

Оваа година, Јуниорската Евровизија ќе се одржи на 19 - ти декември во Париз, откако Валентина минатата година ѝ ја донесе победата на Франција.

фото: Фејсбук на „Дајте музика“

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: