Сѐ започнало многу одамна: Како настанала скратеницата ОК?
Најкористената скратеница на светот, ОК, првпат е употребена на 23 март 1839 година во весникот Boston Morning Post.
Со оглед на тоа дека ОК е скратеница за изразот „all correct“, тогашното општество во Соединетите Американски Држави ја промени оваа скратеница во ОК. Не постои претерано важна причина за промена на скратеницата, освен тоа што ОК како „ol correct“ е позвучно и полесно за изговор.
Набрзо скратеницата ОК стана популарна и во остатокот од планетата Земја, а во Европа и најкористен англицизам. ОК го користиме како потврда дека се е во ред.
Иако првпат е употребена во 1839 година, постојат голем број теории за тоа како настанала скратеницата.
Се смета дека корените ги влече од војската во Америка - О.К. означувало „known order“, поточно корстена е како потврда дека наредбата е прифатена. Исто така, О.К. се појавила и во војската како ознака за бројот на убиените војници. О.К. означувало „нула убиени“.
Уште една уверлива теорија за настанувањето на оваа скратеница е прекарот на американскиот претседател Мартин ван Бјурен. За неговиот прекар Old Kinderhook била користена скратеницата О.К.
Претседателот Ван Бјурен на влас дошол само две години пред оваа скратеница да биде искористена за првпат, па поради тоа, нејзиното создавање веќе долго време се поврзува со скратеницата на неговиот прекар.
О.К. исто така би можело да означува скратеница за „наредба на кралот“ или „по наредба на кралот“ - на англиски „Order of the King“.
Индијанскиот збор „okeh“ значи „така е“ - со оглед на тоа се смета дека зборот „okey“ во англискиот јазик, кој значи „во ред“, настанал од споменатиот збор, а овој индијански збор се поврзува и со настанувањето на најпознатата скратеница во светот.
О.К. денес се користи секојдневно и се пишува во многу реченици. Најмногу се користи за време на допишувањето и пишувањето на СМС пораки, меѓутоа и во говорот започна сѐ повеќе да ги заменува зборовите како дообро, во ред, итн...
Иако е прифатена во секојдневниот говор, оваа скратеница се смета за неформална, па треба да се избегнува во официјалните разговори.
фото: Pixabay/d97jro