Се збогува со 2019: Лина Пејовска е подготвена за нови предизвици

Се збогува со 2019: Лина Пејовска е подготвена за нови предизвици

Објавена во: Stars // Музика

Крајот на годината е сѐ поблиску, а сите ние помалку или повеќе се потсетуваме на убавите моменти од изминатата година. Такво навраќање на спомените си направи и младата пејачка Лина Пејовска.

Таа на својот Инстаграм профил со описот „2019 чао“, сподели неколку фотографии од кои можеме да сфатиме дека и ја одбележале истата. 

Неколку фотографии од нејзиното учество во хрватското музичко шоу „Ѕвезди - летен хит“, но и фотка од Music Awards Ceremony. Лина не заборави да се потсети и на минатогодишниот зимски одмор. Последното во низата случувања на музичко поле беше музичката новогодишна честитка во која оваа пејачка зема учеството, а заедничката фотографија зема учество во овој албум на Лина. Пријателите никако не смееше да ги заборави, па затоа сподели и фотка со Бобан Тодоровски, а како јаготка на шлагот се најде кратко видео од нејзиниот настап на музичкиот фестивал во Тирана.

Според сево ова може да се заклучи дека ова беше дефинитивно година на Лина, а за следната и посакуваме да и биде уште поуспешна.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: