Се зборува дека Девито ја извадил маската: Дали навистина е тој? (ВИДЕО)

Се зборува дека Девито ја извадил маската: Дали навистина е тој? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Најголемата мистерија на балканската музичка сцена...

Девито, дефинитивно е ѕвезда на регионалната сцена и тоа со години, но и понатаму, никој нема идеа како тој навистина изгледа. Можеби сте го сретнале на улица и сте поминале покрај него, а не сте знаеле дека е тој.

Има голем број обожаватели кои не би го препознале доколку го сретнат на улица. Девито дефинитивно е најголемиот феномен на регионалната музичка сцена. Овој пејач е толку популарен, а никој од обожавателите нема идеа како навистина изгледа, бидејќи заштитен знак му е маската која ја носи преку лицето.

Никогаш не ја симнува. Дури некои обожаватели се обидуваа да му ја повлечат на концертите, но тоа не им успеа. Како всушност изгледа Девито? Моментално постојат две верзии кои кружат на Интернет.

Првата е една која вели дека маската ја симнал на вклучување во живо на Инстаграм. Нема смисла да го направи тоа кога толку долго го крие своето лице, но некои тврдат дека најверојатно мислел дека се исклучил од вклучувањето.


Единствено нешто што се гледа на неговото лице кога има маска е дека има мали бркови. Тоа е она што го има и тоа видео, што воедно е единствената карактеристика по која може да се препознае. Освен ова, кружи уште едно видео кое е направено на улица, а кое е направено од страна на папараците. Но, луѓето се многу лути на ова видео, бидејќи сметаат дкеа не е во ред тоа што папараците го откриле и покрај тоа што тој сака да остане „скриен“.


На двете видеа најверојатно станува збор за истата личност, разликата е само во фризурата. И изгледа дека мистеријата е откриена. Иако Девито нема ништо искоментирано, и понатаму редовно ја носи маската, но многумина веруваат дека тоа е тој.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: