Се зборуваше дека Бруклин тајно се оженил, Викторија Бекам сега ги постави работите на свое место: Го издаде на Инстаграм
Преку роденденската честитка непланирано го откри она што многумина долго време ги интересираше, па така ги прекина озборувањата...
Викторија Бекам му го честиташе 22 - от роденден на синот Бруклин, па воедно стави точка на озборувањата дека во тајност го изговорил судбоносното „да“ со својата вереница Никола Пелц. Имено, познатата мајка, за својот син истакна дека е добар син, брат и вереник, па така и непланирано ги прекина озборувањата.
„Пред 22 години ни се промени животот во потполност. Тој е една убава душа, неверојатен син, брат и вереник. Среќен ти роденден, Бруклин. Те сакаме и горди сме на тоа каков човек стана“ - пишуваше во емотивната порака на Викторија Бекам.