Се знае е точниот износ на пари кој Дајана му го оставила на Хари во наследство: Од цифрата ќе ви се заврти во глава
Бурата околу изјавите на Хари никако да се смири, а една од информациите која крена најмногу прашина е и тоа што принцот Хари всушност може да го напушти кралското семејство поради наследството кое му го оставила неговата мајка, покојната принцеза Дајана.
Сега е познат и точниот износ, а луѓето останаа шокирани од цифрата.
Во интервјуто за Опра Винфри, принцот Хари откри дека кралското семејството на почетокот на 2020 година го оставила без никаква финансиска поддршка, приморувајќи ги него и меган да се согласат на повеќемилионскиот договор со стриминг сервисите Spotify и Нетфликс.
„Овие аранжмани беа предложени од некој друг во време кога моето семејство ме остави без финансиска поддршка и морав да си дозволам осигурување за нас двајцата. Ги имав само парите што мајка ми ми ги остави и без нив не би можеле да го направиме сево ова“ - кажа тогаш принцот.
Имено, во тоа време можеле да се повлечат од кралското семејство само поради наследството кое му го оставила неговата мајка, покојната принцеза Дајана. Сега е откриена и точната количина на пари која принцот ја наследил.
Според извештајот на Форбс од 2014 година, Дајана на својот помлад син му оставина завидна цифра на пари. Пари истата година наполнил 30 години и добил дури 10 милиони фунти од имотот на својата мајка.
И додека Хари и неговиот брат Вилијам се главни наследници, покојната принцеза исто така дел од своето богатство му оставила и на својот омилен батлер, Пол Барел и на своите 17 кумашинчиња.
По разводот, Дајана од Чарлс добила и вреден накит и акции кои исто така им припаднале на нејзините синови по смртта.
фото: SHUTTERSTOCK