Седење во тоалет, миење заби или чекање во ред: Колку време во животот трошиш на овие работи?
Се од ажурирањето на профилот на социјалните мрежи, па до чекањето во ред одзема дел од вашето драгоцено време.
Меѓутоа, скоро никој не знае колку точно време овие ситници ни одземаат од нашиот живот. Може да бидете изненадувачки, но не и шокирачки кога ќе се види колку време луѓето трошат на различни активности, а за тоа не се ни свесни.
Ретко кој размислува за тоа колку време поминува во тоалет, чекајќи во ред или гледајќи во мобилниот. Дури кога зборуваме за тоа колку време поминуваме на подготвување за да го напуштиме домот или лежејќи во кревет во обид да заспиеме - ваквите работи на никој не би му паднале на памет. Некои бројки се навистина шокирачки.
Во продолжение можете да откриете некои интересни бројки поради кои можеби ќе посакате да ги промените своите приоритети:
# Лежите будни во кревет и се обидувате да заспиете
Експертите пресметале дека луѓето поминуваат во просек 7 години лежејќи во своите кревети, броејќи овци. Некои експерти препорачуваат да станете од кревет доколку не можете да заспиете во рок од 20 минути. Бескрајното превртување во кревет може само да го зголеми чувството на анксиозност.
# Шопинг и слични работи
Просечна жена поминува околу 8,5 годни од својот живот купувајќи. Изгледа дека сите мажи ја знаат оваа мала тајна и повеќе сакаат да се занимаваат со нешто друго.
# На диети
За многумина слабеењето е битка која нема крај. Жените поминуваат околу 17 години од својот живот на диета. 90% од жените барем еднаш во животот биле на диета, а секоја од нив почнува некоја диета два пати годишни.
# Подготвување, облекување, шминкање, фризура - никогаш крај!
Истражувањата потврдуваат дека мажите се подготвуваат многу побрзо во однос на жените. Просечната жена поминува околу 136 дена од својот живот во подготвување, но оваа бројка не ги вклучува оние 287 дена за одбирање на гардероба. На мажите им се потребни само 46 дена.
# Вежбањето на никој не му е омилена активност
Иако можеби чувствувате дека времето кое го поминувате во теретана е практично еднакво со вечноста, во реалноста не е така. На вежбање човекот во просек троши само 1 година и 4 месеци од животот.
# Екрани насекаде околу нас
Просечна личност поминува околу 11 години од својот живот гледајќи во екран.
# Седам, седиш, седиме
Овие денови луѓето поминуваат околу 21 година од својот живот во седечка позиција.
# Во тоалет
Луѓето поминуваат околу 92 дена од својот живот седејќи на wc школка. Ова можеби звучи малку чудно, но некако е неизбежно, зарем не?
# Чекање во редица
Околу 235 дена од твојот живот (не) трпеливо губиме време чекајќи во редица. Сега кога го знаете тоа, можеби тоа време би посакале да го потрошите на поинтересни активности.
# Миењето заби не ни е силна страна
Експертите препорачуваат миење на забите два пати дневно, не повеќе од 2 минути. Во животот е потребно да се мијат заби околу 79 дена. Меѓутоа, застрашувачки е фактот дека една просечна личност „троши“ само 19 дена за оваа активност.